УТРО.мк

Затворен дел од булеварот „11 Октомври“ утре вечер поради снимање на филм

Затворен дел од булеварот „11 Октомври“ утре вечер поради снимање на филм
Vero

Министерството за внатрешни работи информира дека утре, во периодот од 20:00 до 04:00 часот, целосно ќе биде затворен за сообраќај булеварот „11 Октомври“ во двата правци, на потегот од крстосницата со улицата „Даме Груев“ до крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“.

Причина за затворањето е снимање на филм, а сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици со цел непречено одвивање на сообраќајот.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебен режим, додека полициски службеници ќе бидат на терен за регулирање на движењето.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат упатствата и наредбите на полицијата и да покажат разбирање за краткотрајното ограничување.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран