УТРО.мк

Делови од Центар денес без вода, утре можни прекини во Бутел и Радишани

Делови од Центар денес без вода, утре можни прекини во Бутел и Радишани
Vero

Жителите на неколку скопски населби деновиве ќе се соочат со проблеми во водоснабдувањето поради дефекти и технички интервенции на мрежата, најавуваат од надлежните служби. Дел од Центар веќе денеска останува без вода, а за утрешниот ден се предупредува на можни прекини и слаб притисок во северниот дел од градот.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека од утринските часови прекинато водоснабдување има на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во делот спроти Католичката црква. Причината е интервенција поради дефект во шахта, како и поставување водомер за парковско зеленило. Водата ќе биде пуштена веднаш по завршувањето на теренските работи, но засега не се посочува точен термин.

Дополнителни проблеми се очекуваат и утре, 8 мај, кога од раните утрински часови можни се прекини или значително намален притисок во населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара. Според најавите, станува збор за технички активности во трафостаницата на пумпната станица Бутел, што ќе ги изведува ЕВН.

Надлежните препорачуваат граѓаните навреме да обезбедат резерви на вода за основните потреби, бидејќи интервенциите зависат од текот на работите на терен и не е познато кога системот целосно ќе се стабилизира.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран