УТРО.мк

Хероите живеат вечно! – Единаесет години од антитерористичката акција на македонските полициски специјалци во „Диво насеље“

Хероите живеат вечно! – Единаесет години од антитерористичката акција на македонските полициски специјалци во „Диво насеље“
Vero

Денеска се навршуваат 11 години од вооружената антитерористичка акција во кумановската населба „Диво насеље“, која се случи на 9 и 10 мај 2015 година и во која животот го загубија осум припадници на безбедносните сили.

Во 28-часовната акција, која започна во раните утрински часови и траеше до следниот ден, беа ангажирани специјалните полициски единици во борба со вооружена група, при што покрај загинатите, беа повредени и 37 полицајци. По завршувањето на операцијата, дел од припадниците на групата се предале, а повеќе лица подоцна беа кривично процесуирани.

Во чест на загинатите припадници на безбедносните сили, во кругот на СВР Куманово беше откриена спомен-плоча, а во централното градско подрачје е поставен и мурал со порака „Хероите живеат вечно“.

Во акцијата животот го загубија полициските службеници Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои постхумно беа одликувани со медали за храброст.

Одбележувањето започна со панихида во Соборниот храм „Свети Никола“, по што следеше положување цвеќе пред спомен-обележјето во кругот на СВР Куманово. Во текот на денот се одржуваат и меморијални спортски и хуманитарни активности под мотото „Хероите живеат вечно“.

Куманово и денес се сеќава на драматичните настани од 2015 година, кога населбата „Тоде Мендол“, позната како „Диво насеље“, беше под целосна блокада, а граѓаните беа евакуирани поради интензивните престрелки. Жителите и понатаму порачуваат дека вакви трагични настани никогаш не смеат да се повторат.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран