УТРО.мк

Комуналец – Прилеп: Се санираат оштетените клупи во населбата Точила, апел за грижа за јавната инфраструктура

Комуналец – Прилеп: Се санираат оштетените клупи во населбата Точила, апел за грижа за јавната инфраструктура
Vero

Во прилепската населба Точила во тек се активности за санација на оштетените клупи, каде Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп ги заменува искршените и откорнати штафни на објектите поставени за одмор и релаксација на граѓаните.

Од претпријатието информираат дека интервенциите се изведуваат на повеќе локации во населбата, со цел да се врати функционалноста и безбедноста на јавниот урбан мобилијар.

Воедно, упатен е апел до граѓаните да внимаваат и одговорно да се однесуваат кон комуналната инфраструктура, која е наменета за сите жители и придонесува за поквалитетен урбан живот во населбата Точила.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран