
Во центарот на Тетово денес се одржа симулациска вежба за интервенција при сообраќајна несреќа со повреден мотоциклист, со цел да се прикаже начинот на тријажа и координација на службите во итни ситуации.

Во вежбата учествуваа екипи од Итната медицинска помош, Територијалната противпожарна единица, СВР Тетово, Универзитет на Југоисточна Европа и Црвен крст.
Настанот беше организиран од Сестринското здружение „ЗА НАС“ на Македонија, со поддршка на ЈЗУ Здравствен дом Тетово.

Преку практичната демонстрација беше прикажано како во реални услови се врши проценка на состојбата на повредените лица, распределба на ресурсите и координација меѓу службите за навремена и ефикасна интервенција.
















