
Во пресрет на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Општина Пробиштип организираше одбележување на значајниот датум со положување свежо цвеќе и пригодна програма во центарот на градот.
Делегации од Советот на Општината, локалната самоуправа, политичките партии, здруженијата на пензионери, како и претставници на продолжувачите на делото на НОБ, оддадоа почит на историското значење на 9 Мај.
Во настанот учествуваа и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“, кои со дефиле од училиштето до спомен-бистата во центарот на Пробиштип го одбележаа денот. По положувањето цвеќе, беше прочитан пригоден говор за значењето на мирот, слободата и европските вредности кои ги симболизира овој датум.
















