
На 07.05.2026 во 14:45 часот на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К. (30) од Скопје.
Акцијата е спроведена по претходна пријава од неговата поранешна 33-годишна партнерка, која пријавила дека подолг период ја следел, а на 07.05.2026 околу 08:00 часот на нејзиното работно место ѝ упатил закани кон неа и нејзиното семејство.
Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
















