УТРО.мк

Тетово: Син приведен по пријава од татко за нарушен мир во домот

Тетово: Син приведен по пријава од татко за нарушен мир во домот
Vero

На 07.05.2026 во 20:50 часот на улицата „Јован Ончески“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Б.И. (44) од Тетово.

Интервенцијата е спроведена по претходна пријава од неговиот 68-годишен татко, кој пријавил дека во семејниот дом синот агресивно се однесувал кон него и неговата сопруга.

При извршените проверки, кај лицето било констатирано присуство на алкохол во крвта од 1,26 промили.

Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран