УТРО.мк

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево ќе биде завршен до крајот на годинава или почетокот на следната

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево ќе биде завршен до крајот на годинава или почетокот на следната
Vero

Автопатот Охрид–Кичево, еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во гостување во поткастот „Ноќно студио“, Николоски посочи дека при преземањето на власта затекнале состојба без ниту еден метар асфалт и со сериозни проблеми во реализацијата и финансирањето на проектот.

Тој нагласи дека активната работа на терен започнала од октомври 2024 година, додавајќи дека во изминатата година и пол биле реализирани повеќе активности отколку во претходниот период.

Во однос на финансирањето, Николоски истакна дека биле соочени со одбивање за дополнителни средства од кинеската Ексим банка, поради што, како што рече, заедно со премиерот и министерката за финансии било најдено решение преку синдициран заем од домашни комерцијални банки.

„Побаравме да се ослободат 175 милиони евра, но бевме одбиени. Затоа обезбедивме алтернативно финансирање од домашните банки“, изјави Николоски.

Тој посочи дека проценетата вредност на изградбата изнесува околу 13,5 милиони евра по километар, што според него го прави еден од најевтините автопати што се градат во земјава и регионот.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран