Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска (03.11.2025) делови од градот ќе останат без вода поради улични дефекти на водоводната мрежа.
Поради дефект на цевка со пречник од 100 милиметри на крстосницата меѓу улиците Париска Комуна и Валандовска, прекинато водоснабдување имаат корисниците во населбите Хиподром и Маџари. Водата е исклучена од 09:30 часот, а нормализацијата се очекува по завршување на санационите работи.
Исто така, поради дефект на улицата Македонско Косовска Бригада 9/бб, без вода се корисниците на краците 5, 7 и 9 од истата улица. Прекинот започна во 09:40 часот и ќе трае до целосна санација на дефектот.































