
Скопје ќе биде без електрична енергија утре, вторник 02.09.2026 година, поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа. Како што информираат од ЕВН, без струја ќе останат делови од три општини.
Прекините се планирани во следниот период:
1. ЧАИР
Време: 02.09.2026 од 08:00 до 15:00 часот
Локација: Поради зафат во НН мрежа во Чаир, без напојување со електрична енергија ќе остане дел од улица Битпазарска, поточно објектите околу хотел АЕН.
2. КАРПОШ
Време: 02.09.2026 од 09:00 до 11:00 часот
Локација: Без струја ќе останат дел од потрошувачите од ул. Драгутин Аврамовски – Гуте, Влае.
3. ЦЕНТАР
Време: 02.09.2026 од 09:00 до 14:00 часот
Локација: Без напојување ќе останат дел од корисниците на ул. Герман и ул. Железничка.
Од компанијата апелираат граѓаните да ги преземат потребните мерки и однапред да се подготват за прекинот.

















