УТРО.мк

Руски државјанин осомничен за тројното убиство во Црна Гора

Руски државјанин осомничен за тројното убиство во Црна Гора
Vero

Рускиот државјанин Михаил Шабунин (30), осомничен за тројното убиство во Црна Гора, бил пронајден мртов во текот на ноќта во шума над Херцег Нови.

Според информациите од црногорската полиција, Шабунин бил лоциран околу 3:35 часот во близина на населбата Топла, по голема полициска потрага во која биле вклучени специјални единици, регионалната полиција и граничната полиција. Во потрагата бил ангажиран и хеликоптер на Војската на Црна Гора.

Полицијата соопшти дека осомничениот, откако бил опколен, отворил оган кон полициските службеници, а потоа се самоубил со огнено оружје.

Министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ изјави дека со пронаоѓањето на осомничениот кризата во Херцег Нови е ставена под контрола.

<strong>Тројца вработени беа убиени во стрелиште</strong>

Шабунин се сомничи дека во текот на вчерашниот ден, околу 16:45 часот, во стрелиштето „Чешка збројовка“ кај Страхињиќи, во близина на Даниловград, со огнено оружје ги убил Петар Глобаревиќ (24), Момир Радоњиќ (67) и Немања Капор (20).

Сите тројца биле вработени во стрелиштето. Нивните тела ги пронашол сопственикот на објектот, кој веднаш ја известил полицијата.

Според првичните сознанија, жртвите во моментот на нападот биле ненаоружани.

Директорот на црногорската полиција Лазар Шќепановиќ изјавил дека осомничениот претходно вежбал пукање на стрелиштето, по што влегол во објектот и отворил оган кон вработените.

Полицијата сега треба да утврди и дали оружјето со кое било извршено злосторството било изнајмено од самото стрелиште.

<strong>По нападот избегал кон Херцег Нови</strong>

По тројното убиство, Шабунин, според досегашните сознанија, украл автомобил „Сеат Кордоба“, сопственост на таткото на една од жртвите.

Со возилото се упатил кон Подгорица, каде што го оставил на ливада во областа Врањски Њиви. Потоа, наводно, продолжил со такси кон Херцег Нови.

Полицијата во текот на вечерта го стеснувала подрачјето во кое се движел осомничениот, поради што на жителите на Херцег Нови им било препорачано да останат во своите домови и да пријават какво било сомнително движење.

Бил засилен и надзорот на граничните премини и аеродромите.

<strong>Црна Гора прогласи денови на жалост</strong>

По трагичниот настан, црногорската Влада прогласи 1 и 2 септември за денови на жалост.

Почетокот на учебната година во Даниловград е одложен за 3 септември.

Иако осомничениот е пронајден мртов, истрагата продолжува во соработка со Вишото државно обвинителство во Подгорица. Надлежните треба да ги утврдат сите околности на нападот, како и мотивот што довел до тројното убиство.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin