Доколку локалните избори би се одржале следната недела во Општина Чаир, граѓаните би ја дале својата поддршка на коалицијата ВЛЕН, која излегува како победник со значителна разлика во однос на Европскиот фронт.
Според податоците од анкетата спроведена од Агенцијата УБО, на прашањето „Кандидатот на која коалиција би го гласале за градоначалник?“, 46,0% од анкетираните се изјасниле во корист на коалицијата ВЛЕН, додека само 34,9% изјавиле дека би гласале за кандидатот на Европскиот фронт. Разликата од над 11 процентни поени потврдува јасна тенденција на електоратот за повторно потврдување на нивната волја изразена на последните парламентарни избори.
Анкетата е спроведена во периодот од 1 до 7 јули 2025 година и го одразува мислењето на граѓаните во пресрет на есенски избори кои се очекува да бидат пресудни за политичката иднина на Општина Чаир.