УТРО.мк

Аеродромот во Скопје доби награда за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ за 2025 година

Аеродромот во Скопје доби награда за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ за 2025 година
Vero

Скопскиот аеродром повторно ја потврди својата репутација на водечки европски аеродром, освојувајќи ја престижната ASQ награда за 2025 година за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“. Ова признание, кое Меѓународниот аеродром Скопје го добива по 11-ти пат, е директен рефлекс на високите оценки од патниците, кои ги оценуваа услугите преку анкети за задоволство, вклучувајќи ефикасност при чекирањето, безбедносните контроли, ориентацијата низ аеродромот и целокупното искуство при движење низ него.

„Наградата е јасен показател за нашиот стратешки фокус на ефикасност, безбедност и патничко искуство. Во ТАВ Македонија остануваме посветени на обезбедување беспрекорно патување и постојано усовршување на нашите услуги“, изјави Неџат Курт, генерален директор на компанијата.

Џастин Ербачи, генерален директор на ACI World, истакна дека ASQ признанието ја потврдува континуираната заложба на скопскиот аеродром да ги слуша и да ги исполнува очекувањата на своите патници, обезбедувајќи извонредно патничко искуство.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран