УТРО.мк

Коњановски: Реконструирани пет улици во битолско

Коњановски: Реконструирани пет улици во битолско
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска изврши увид во градежните работи на реконструкцијата на пет улици во селото Трн.

Улиците се со вкупна должина од 1021,14 метри, со ширина од 3,5 метри и банкини од двете страни широки по 50 см. Вредноста на проектот изнесува 7.181.218 денари, средства обезбедени преку вториот владин повик од Министерството за транспорт.

Со реализацијата на овој проект, се подобрува патната инфраструктура и во руралните средини, а Општина Битола останува посветена на унапредување на условите за живот на граѓаните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран