УТРО.мк

Угинат балкански рис пронајден на патот Охрид – Ресен кај Буково

Угинат балкански рис пронајден на патот Охрид – Ресен кај Буково
Vero

Угинат балкански рис бил пронајден утрово околу 6 часот на магистралниот пат Охрид – Ресен, во близина на селото Буково. Станува збор за возрасна женка од овој реток и строго заштитен вид.

По пронаоѓањето, надлежните служби извршиле теренски увид, во координација со Македонското еколошко друштво и Државниот инспекторат за животна средина.

Од институциите информираат дека угинатото животно ќе биде транспортирано во Скопје, каде што ќе биде извршена обдукција на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со цел да се утврдат причините за угинувањето.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран