УТРО.мк

Заврши 10-тата седница на Советот на Прилеп: Донесени повеќе значајни одлуки

Заврши 10-тата седница на Советот на Прилеп: Донесени повеќе значајни одлуки
Vero

На денешната 10-та седница на Советот на Општина Прилеп беа разгледани и усвоени повеќе одлуки од значење за функционирањето на јавните претпријатија и установи, како и за уредувањето на јавниот простор во градот.

Во фокусот на седницата беше Програмата за утврдување на критериуми и стандарди за поставување урбана опрема и користење површина пред деловни објекти на подрачјето на Општина Прилеп. Со оваа програма се воведуваат појасни правила и унифицирани стандарди за поставување урбана опрема пред угостителските и другите деловни објекти, со цел обезбедување поголем ред, естетика и функционалност на јавниот простор.

Советниците ја усвоија и Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите во ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“ – Прилеп, со што се регулира пресметката на примањата во оваа установа.

На седницата беше донесена и одлука за давање согласност за определување ширина на крајбрежен појас во водотеците во планските опфати на УПС Штавица (КО Штавица) и УПС Тополчани (КО Тополчани), со што се уредуваат условите за понатамошно просторно планирање во овие подрачја.

Дополнително, Советот донесе одлуки за именување член во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и на Јавното претпријатие за енергетски дејности „Енерго-Прилеп“ – Прилеп. Исто така, беа именувани членови во управните одбори на повеќе јавни претпријатија и установи, меѓу кои ЈП за ПУП Прилеп, ЈСП Прилеп, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, ЈОУДГ „Наша Иднина“ – Прилеп и ЈП „Енерго-Прилеп“.

Советот донесе и Одлука за ставање вон сила на Одлуката за проширување на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година.

Со донесените одлуки продолжува институционалното унапредување на работата на јавните претпријатија и установи, како и процесот на уредување и стандардизирање на јавниот простор во интерес на граѓаните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран