УТРО.мк

Итно затворен патниот правец меѓу Кисела Вода и Сопиште

Итно затворен патниот правец меѓу Кисела Вода и Сопиште
Vero

Патот меѓу Општина Кисела Вода и Општина Сопиште се затвори за сообраќај по итна одлука на локалните власти. Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, по заедничкиот теренски увид со градоначалникот на Сопиште, Јане Мицевски, и по детални стручни анализи во соработка со релевантните институции, информира дека моментално се прават напори за итно решавање на проблемот.

„Се работи на наоѓање на најбрзата и најбезбедната техничка опција за трајна санација на оштетувањето“, истакна Стаменкоска Трајкоска, додавајќи дека граѓаните треба строго да ја следат поставената сигнализација и да користат алтернативни рути додека патот не се врати во целосна функција.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран