УТРО.мк

Без вода делови од Центар, Карпош, Кисела Вода и Бутел

Без вода делови од Центар, Карпош, Кисела Вода и Бутел
Vero

Поради планирани интервенции на водоводната мрежа, денес делови од Скопје ќе останат без вода. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека станува збор за технички зафати – изведба на нови приклучоци – кои привремено ќе го прекинат водоснабдувањето во четири општини.

Во Кисела Вода, поради поставување приклучок на улицата „Борис Трајковски“ бр. 212, без вода од 9 часот ќе бидат жителите на дел од оваа сообраќајница, во реонот познат како Каменик. Водата ќе биде пуштена по завршувањето на работните активности.

Час подоцна, од 10:00 часот, прекин ќе има и во Карпош. Таму се изведува приклучок со пречник ф-150 мм на улицата „Варшавска“ бр. 4, поради што без вода ќе останат дел од жителите на истата улица, како и корисници од дел од булеварот „8 Септември“.

Интервенција е закажана и во Бутел, каде што ќе се поставува приклучок ф-100 мм на улицата „Боца Иванова“ (во близина на АБЦ Комерц). Од 10:00 часот па сè до завршување на зафатот, вода нема да имаат делови од улиците „Боца Иванова“, „Томе Пуре“, „Душко Поповиќ“, „Александар Бујнов“, „Бетовенова“, како и дел од „Петар Манџуков“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран