
Најновите податоци од Агенцијата за катастар на недвижности ја откриваат огромната разлика во цените на закуп на станови во Скопје. Додека во Центар просечната месечна закупнина достигнува 22.736 денари, најевтино се изнајмува во Бутел, со само 3.489 денари.
Во прегледот на најскапите општини во главниот град, покрај Центар, предводници се и Карпош со 22.344 денари, Аеродром со 19.595 денари, Ѓорче Петров со 16.714 денари и Гази Баба со 15.799 денари. За споредба, Бутел останува апсолутно најдостапен.























