УТРО.мк

МВР: Лажни закани за бомби во повеќе училишта, во тек истрага

МВР: Лажни закани за бомби во повеќе училишта, во тек истрага
Vero

Денеска (23.02.2026) пристигнати се дојави за поставени експлозивни направи во неколку училишта во Тетово и Скопје. Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал во содејство со секторот за тероризам, а преку секторот за меѓународна полициска соработка се преземаат мерки, односно се врши истрага во однос на тоа кој е сопственик на електронската пошта, односно од каде се испраќани лажните дојави за бомби.

Напоменуваме дека МВР презема соодветни мерки и активности за откривање како на ова така и на други кривични дела.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран