
Поради значително влошување на безбедносната состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и трговија на Македонија апелира до сите свои државјани кои се наоѓаат во оваа земја веднаш да ја напуштат територијата.
Се препорачува да се избегнуваат сите патувања кон Мексико кои не се од итна и неопходна природа. Министерството нагласува дека е подготвено да им обезбеди целосна поддршка на македонските граѓани на терен, преку своите 24-часовни СОС линии и електронска пошта, како и преку дипломатско-конзуларното претставништво во Вашингтон.
За итни случаи, македонските државјани можат да контактираат:
- СОС телефон: +389 75 268 736
- Е-пошта:[email protected]
- Телефон на дипломатско-конзуларното претставништво во Вашингтон: +1 (202) 758-7798
- Е-пошта:[email protected]























