УТРО.мк

Обилни дождови во Пелагонија: Земјоделските површини сè уште под вода

Обилни дождови во Пелагонија: Земјоделските површини сè уште под вода
Vero

Селата Жабени и Породин во јужниот дел на Пелагонија и натаму се поплавени поради обилните врнежи. Земјоделските површини, каде што се засеани јачмен и пченица, остануваат натопени, но од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство уверуваат дека моментално нема причина за загриженост.

„Водата на терените се задржа поради обилните дождови и ниската релјефна форма на јужната Пелагонија. Во моментот не се очекува сериозна штета врз посевите, но состојбата ќе се следи во наредните денови, кога повисоките дневни температури можеби ќе ја покажат вистинската слика на теренот“, велат од ПЕ на МЗШВ Битола.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран