
Европската Комисија не отстапува од линијата на поддршка кон Украина, дури ни четири години по почетокот на руската инвазија. Претседателката на Комисијата, Урсула Фон дер Лајен, заедно со претседателот на Европската Комисија, Антонио Кошта, пристигнаа во Киев токму на денот кој ја обележува четвртата годишнина од конфликтот, со јасна порака: мирот мора да се заснова на условите на украинските власти.
На социјалната мрежа X, Фон дер Лајен истакна дека ова е нејзината десетта посета на украинската престолнина откако започна војната. „Европа продолжува да стои цврсто зад Украина, со финансиски средства, воена поддршка и помош во справувањето со последиците од војната, особено во пресрет на студените месеци,“ напиша таа.
Откако пристигна во Киев, Кошта нагласи дека за да се обезбеди траен и праведен мир, потребна е заедничка европска решителност. Дипломатските напори досега не доведоа до конечен прекин на огнот, додека борбите продолжуваат во различни делови на Украина.























