
Еден полицаец загина, а двајца негови колеги беа ранети вечерва во експлозија што одекна пред железничката станица Савјоловски во Москва, соопшти руското Министерство за внатрешни работи, а за случајот известува и британската радиодифузна служба Би‑би‑си.
Инцидентот се случил веднаш по полноќ на плоштадот пред станицата, северно од центарот на рускиот главен град, во моментот кога службеници на сообраќајната полиција патролирале со своето возило. Според официјалните информации, „непозната направа“ била активирана од „непознато лице“ во непосредна близина на полицајците.
Идентитетот на напаѓачот и мотивот на нападот сè уште се под истрага. Министерството за внатрешни работи првично соопшти дека напаѓачот избегал, но понатаму објави дека сторителот починал на самото место.
Портпаролката на министерството, Ирина Волк, наведе дека напаѓачот се обратил кон припадниците на полицијата од Североисточниот округ на Москва, но не даде дополнителни детали за неговата личност или позадина.
За сега нема официјални податоци за типот или потеклото на експлозивната направа. Случајот е квалификуван како обид за атентат врз полицаец, со соодветни обвиненија подигнати против починатиот сторител, а повеќе истражни тимови работат на расветлување на околностите.
Двајцата повредени полицајци се хоспитализирани со различни повреди, се наведува во соопштението.























