УТРО.мк

Оваа фотографија засекогаш ја промени Европа, но и светот

Оваа фотографија засекогаш ја промени Европа, но и светот
Vero

Утрото на 24 февруари 2022 година, руските проектили беа лансирани кон воени цели, командни центри и инфраструктура низ цела Украина. Руски сили тргнаа од Белорусија кон Киев, од Русија кон Харков и Донбас, и од Крим кон југ.

Многумина не веруваа или не сакаа да веруваат, особено во Европа, дека во 21 век е можно да избие војна од големи размери во Европа, иако некои разузнавачки служби располагаа со информации.

Но, реалноста брзо ги (раз)увери. Не требаше долго време да се појават првите фотографии и снимки, а ова е, како што често се нарекува, фотографија која засекогаш ја промени Европа, но и светот.

„Предстражата Каланчак е нападната. Украинските војници и цивили бегаат“, стоеше во објавата која се појави на социјалните мрежи веднаш по почетокот на руската инвазија.

Надзорната камера го сними украинскиот граничар како бега од контролната точка на југот на земјата. Тој и уште тројца гранични полицајци беа убиени веднаш откако беа снимени тие сцени.

Неколку часа подоцна, украинската државна гранична служба објави снимка од колона руски возила. Снимката беше геолокирана кај граничниот премин Каланчак меѓу Украина и Крим. Тоа беше една од првите снимки на руската инвазија.

Во знак на сеќавање на настанот кој засекогаш ја промени Европа и светот, како и меѓународните политички и економски односи, многумина и денес се потсетуваат на таа фотографија.

Војната во Европа денес влезе во петтата година и не и се гледа крајот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран