УТРО.мк

Дојави за поставени бомби утрово пристигнале во повеќе основни и средни училишта во Тетово

Дојави за поставени бомби утрово пристигнале во повеќе основни и средни училишта во Тетово
Vero

Дојави за поставени бомби утрово пристигнале во повеќе основни и средни училишта во Тетово, по што веднаш се преземени безбедносни мерки.

Според првичните информации, надлежните служби постапуваат по пријавите, а учениците и вработените се евакуирани од училишните објекти со цел безбедносна проверка.

Полицијата врши проверки на терен и работи на утврдување на околностите околу дојавите.

Повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот.

Инаку, дојава за бомба имаше и минатата недела во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран