УТРО.мк

Општина Тетово: Учениците ќе продолжат со настава доколку се утврди дека дојавите за бомби се лажни

Општина Тетово: Учениците ќе продолжат со настава доколку се утврди дека дојавите за бомби се лажни
Vero

Назми Даути од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово денеска информира дека, доколку се утврди дека дојавите за поставени бомби се лажни, учениците ќе треба да се вратат на настава. Препораката следи по два дена прекин на наставата во тетовските основни и средни училишта поради лажни дојави.

Општина Тетово побара од полицијата зголемено присуство пред училишта и спроведување брза и транспарентна истрага за идентификување на сторителите. Даути истакна дека учениците и наставниците ќе бидат евакуирани од страна на Министерството за внатрешни работи и ќе почекаат инструкции од Општина Тетово за продолжување или прекин на наставата.

„Бидејќи овие два дена децата не се враќаат во училиштето, нема потреба за паника. Денес во попладневната смена образовниот процес ќе продолжи“, рече Даути, додавајќи дека општината е во постојана комуникација со директорите и сите релевантни институции, но нема информации кој стои зад лажните дојави.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран