УТРО.мк

Завршница на топлинската мрежа во Битола – во тек последните интервенции на „Партизанска“

Завршница на топлинската мрежа во Битола – во тек последните интервенции на „Партизанска“
Vero

Проектот за воведување на топлински систем во Битола влегува во завршна фаза, а деновиве интензивно се работи на улицата „Партизанска“, како дел од финалните активности за докомплетирање на мрежата.

Иако честите затворања на улици во изминатиот период предизвикаа реакции кај граѓаните, од надлежните уверуваат дека станува збор за неопходни интервенции за обезбедување на долгорочна стабилност и сигурност на системот.

Од Топлификација за ТВ Тера информираат дека моментално се вршат последните проверки и зајакнувања на мрежата, со цел да се гарантира нејзината трајност. Во тек е финализирање на претпоследното појачување на паралелен приклучок на улицата „Партизанска“, во делот под ШИК „Лавци“. За активностите е обезбедено соодветно сообраќајно решение, а се очекува до среда овој дел целосно да биде саниран.

Во наредната фаза ќе следи асфалтирање, со што ќе се заокружи процесот на зајакнување на оваа делница. Останува уште едно појачување на паралелен извод, по што целокупната доработка на проектот ќе биде завршена.

Од Топлификација објаснуваат дека дополнителните интервенции на веќе поставениот цевковод се резултат на детални технички анализи направени по завршувањето на основната изведба. Во соработка со консултанти од Виена, параметрите на системот биле внесени во специјализиран софтвер за долгорочни симулации, кои покажале можни слаби точки на одредени приклучоци во период од околу 25 години.

„Овие сознанија произлегоа по инсталацијата и деталната анализа, па затоа беше донесена одлука навремено да се извршат зајакнувања, со цел да се избегнат идни дефекти и да се обезбеди сигурност на системот за идните генерации“, велат од Топлификација.

Оттаму додаваат дека заедно со ЕСМ остануваат посветени на квалитетна и одржлива реализација на проектот, со минимизирање на непријатностите за граѓаните и редовно информирање на јавноста.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран