
По кратка пауза во текот на денешниот ден, од утре ски-центарот „Копанки“ повторно ги отвора вратите за посетителите.
Од управата информираат дека во функција ќе биде ставена само горната патека, каде условите за скијање се оценети како одлични и овозможуваат безбедно уживање во зимската сезона.
„Ќе работи само горната патека, каде што се одлични условите за скијање и за уживање во зимската магија“, информираат од ски-центарот.
Од „Копанки“ упатуваат покана до сите љубители на снегот, природата и зимските спортови да го посетат Пелистер и да уживаат во планинската атмосфера, создавајќи нови снежни спомени.























