УТРО.мк

Падна договор по средбата во владата за законот за заштита од пушење

Падна договор по средбата во владата за законот за заштита од пушење
Vero

Договор за измени на Законот за пушење – терасите ќе треба да бидат отворени од две страни

По средбата во Владата постигнат е договор за измени на Предлог-законот за заштита од пушење, со кој се предвидуваат нови услови за користење на терасите во угостителските објекти.

Наместо досегашното решение за терасите да бидат отворени од три страни, новиот предлог предвидува тие да бидат отворени од најмалку две страни. Оваа измена доаѓа по укажувањата дека голем дел од локалите немаат реални услови да обезбедат отворање од три страни, што било потврдено и од надлежните институции.

Истовремено, останува на сила целосната забрана за пушење во затворени простории, додека пушењето ќе биде дозволено на тераси кои ги исполнуваат пропишаните услови. Угостителите ќе добијат рок од околу една година да ги прилагодат своите објекти на новите правила, наместо бараните три години, што, според информациите, нема да биде прифатено.

Претседателот на Туристичко-угостителската комора, Перица Голомеиќ, изјави дека угостителите инсистирале да се задржи забраната за пушење во затворен простор, но и да се овозможи користење на терасите под јасни услови.

„Ќе имаме можност да ги користиме терасите како и досега, но ќе треба да ги приспособиме според новите правила – да бидат отворени од минимум две страни и соодветно заградени заради безбедност и природно проветрување“, посочи Голомеиќ.

Од комората нагласуваат дека клучно е законот да се спроведува доследно и неселективно, за да има еднакви услови за сите угостители.

„Ако правилата важат за сите подеднакво, тогаш ќе се обезбеди фер конкуренција и заштита на јавното здравје“, додаваат оттаму.

Јавната расправа за законот е завршена, а надлежното министерство ги разгледува сите забелешки и предлози доставени преку системот ЕНЕР. По финализирањето, законското решение ќе биде доставено на усвојување во Владата, а потоа и на гласање во Собранието.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран