УТРО.мк

Затворен експресниот пат Прилеп–Градско, сообраќајот пренасочен преку автопатот Велес–Градско

Затворен експресниот пат Прилеп–Градско, сообраќајот пренасочен преку автопатот Велес–Градско
Vero

Од 15:30 часот попладне експресниот пат Прилеп–Градско е целосно затворен за сообраќај, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Возилата се пренасочуваат преку автопатот Велес–Градско, а причините за затворањето засега не се соопштени.

Возачите се повикуваат на внимателност, почитување на поставената сигнализација и користење на алтернативната рута сè додека патот не биде повторно отворен.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран