Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски објави ново видео на својот Фејсбук-профил, со кое информира за интензивните градежни активности на автопатот Тетово–Гостивар, дел од Коридорот 8.
Во објавата, Николовски наведува дека работата се одвива со силно темпо и дека се прават сериозни чекори кон комплетирање на автопатското решение на овој стратешки коридор.
„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша министерот, додавајќи видео снимки од градежните машини и текот на работите.
Инфраструктурниот проект е еден од клучните сегменти во модернизацијата на патната мрежа во земјата и значајно ќе го подобри движењето меѓу Полошкиот регион и западниот дел на Македонија.



























