УТРО.мк

Суво и сончево време со температури до 20 степени

Суво и сончево време со температури до 20 степени
Vero

Македонија и регионот оваа седмица ќе ја почувствуваат благодетта на пролетта. Антициклон од јужен правец ќе донесе стабилно, суво време и повеќе сончеви денови, а локално ќе се појави и зголемена облачност. Сепак, времето ќе остане пријатно и идеално за активности на отворено.

Дневните температури ќе бидат значително повисоки од просекот за почетокот на март. Во југоисточните делови и Повардарието, термометрите ќе покажуваат и до 20 степени, додека во Скопје и околината се очекува температурата да се искачи околу 15 степени.

Ноќите и утрата ќе останат свежи, особено во планинските региони, каде што не се исклучува појава на слаб мраз.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран