
Израелската владаа изрази својата остра критика, откако шпанската влада одби да им овозможи на САД користење на базите во Рота и Морон за потенцијален напад врз Иран. Според извештајот на Гардијан, Израел ја критикува одлуката на шпанскиот премиер Педро Санчез, обвинувајќи го дека се наоѓа на „погрешната страна од историјата“.
Самото решение на Санчез е резултат на неговото јасно осудување на „едностраната воена акција“ на САД и Израел, предупредувајќи дека тоа само ја продлабочува нестабилноста во светот и ја поткопува меѓународната безбедност. Одлуката да се забрани користењето на шпанските воени бази го засили неговиот став и го стави во судир со Израел и американски републикански политичари.
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар го критикува Санчез на социјалната мрежа Икс, тврдејќи дека премиерот попуштил пред „терористи и репресивни режими“. „Прво, Хамас му се заблагодари, потоа Хутите, а сега Иран. Дали тоа е вистинската страна од историјата?“ напиша Саар.
Американскиот републикански сенатор Линдзи Греам ја повтори критиката, нарекувајќи ја шпанската влада „златен стандард за слаб европски лидерски пристап“ и обвинувајќи ја дека нема морален компас во однос на Иран и има само критики за Соединетите Американски Држави.
Во меѓувреме, Санчез истакна дека офанзивата предводена од американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја прави светската сцена понестабилна.























