
На локалниот пат Гевгелија–Граничен премин Богородица, синоќа околу 23:00 часот, полицијата изврши акција која заврши со апсење на 46-годишен турски државјанин, Ф.С.
Според информации од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија, при рутинска контрола било запрено патничко возило „Дачија“ со албански регистарски ознаки. Во него, покрај возачот, биле затекнати пет мигранти, четворица од Авганистан и едно лице од Турција.























