
23-годишна девојка од Скопје, пријави серија вознемирувања и закани од својот поранешен партнер, С.Н (28), кои траеле од октомври минатата година до почетокот на март 2026 година.
Според нејзината пријава, таа била следена на повеќе локации, а напаѓачот ѝ упатувал закани, не само кон неа, туку и кон нејзиното семејство.























