УТРО.мк

Ваучери од 28.000 денари за инвертери во 2026: Отворен повикот на МЕРМС за компаниите за бела техника

Ваучери од 28.000 денари за инвертери во 2026: Отворен повикот на МЕРМС за компаниите за бела техника
Vero

Во последните години, програмата за поддршка за набавка на инвертер клима-уреди за ранливите категории граѓани предизвикува континуиран интерес кај трговците со бела техника. Оваа програма, која овозможува поекономично и поеколошко греење преку државна помош, веќе две години успешно ја спроведува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

МЕРМС го објави јавниот повик до сите компании да се вклучат во борбата против енергетската сиромаштија со што и за 2026 година започна практичната реализација на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Со програмата е предвидено секое домаќинство кое ќе добие ваучер за набавка и инсталација на високоефикасни инвертер клима уред во вредност до 28.000 денари со вклучен ДДВ, да може да го набави уредот од компании кои ќе се јават на објавениот повик и ќе склучат договор со Министерството.

На јавниот повик може да учествуваат правни субјекти кои се регистрирани во Централниот регистар, а кои вршат трговија со високоефикасни инвертер клима уреди. Избраните компании ќе имаат обврска да обезбедат уреди со најмалку енергетска класа А+, нивна монтажа на адресата на корисникот, како и гаранција од најмалку две години, без дополнителни трошоци за граѓаните.

„Министерството ги повика сите заинтересирани компании да се вклучат во реализацијата на програмата и да придонесат кон нејзино успешно спроведување, затоа што оваа мерка е конкретен чекор во намалување на енергетската сиромаштија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата. Наша цел е да побезбедиме поекономично и поодржливо греење за граѓаните кои имаат најголема потреба од поддршка“, велат од Министерството за енергетика, рударство и минерани суровини.

Информации од изминатите години покажуваат дека интересот за субвенции за намалување на енергетската сиромаштија е силен и стабилен. Во 2025 година Министерството исплати 42,3 милиони денари субвенции за ранливи потрошувачи, со намалување на сметките за струја од 1.000 денари месечно, како и 170 милиони денари за субвенции за инвертер-клими со цел да се обезбеди  достапна, сигурна и социјално праведна енергија за граѓаните кои се соочуваат со енергетска сиромаштија, со посебен акцент на лицата со попреченост и корисниците на гарантирана минимална помош. На пример лани за субвенциите за набавка на инвертер клима-уреди пристигнаа околу над 4.000 апликации од домаќинства со ниски приходи и од домаќинства во кои единствен приход е пензија.

Во 2025 година фокусот јасно се врза со борбата против енергетската сиромаштија, а само една година претходно, во ноември 2024, Министерството објави дека вкупно 6.182 домаќинства ќе добијат вредносни ваучери преку две програми, и тоа 4.591 домаќинство се опфатени преку програмата за енергетска ефикасност, а 1.591 домаќинство преку програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.

Оваа континуираност јасно праќа порака дека не станува збор за еднократна мерка, туку за политика што се надградува и се повторува со јасни правила. Со последниов повик јасно е дека Министерството практично гради мрежата преку која ранливите домаќинства ќе добијат реална, мерлива промена во секојдневието, како што е поефикасно греење, подобар комфор и повеќе предвидливи трошоци во зимските месеци.

Инвертер климите се технологија која е меѓу најбрзите начини да се крене енергетската ефикасност во домот без градежни интервенции, но и да се намали користењето на огрев кој има поголемо негативно влијае врз загадувањетона воздухот. 

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран