
Поради врнежи од снег, од 07:45 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информира Автомотосојузот на Македонија.
Претходно, уште од 05:45 часот, забрана за камиони и автобуси била воведена и на делницата село Лисец – Попова Шапка, поради влошените временски услови и снег на коловозот.
Одрон го блокираше патот Кичево – Гостивар
Во утринските часови, во 05:40 часот, сообраќајот на магистралниот пат Кичево – Гостивар бил целосно прекинат поради голем одрон. Екипите на „Македонија пат“ интервенирале и ја расчистиле едната лента, по што од 06:50 часот сообраќајот се одвива наизменично.























