
ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа, започна со активности за санирање на обиколниот пристапен пат до Новите градски гробишта.
Во рамки на интервенцијата се врши ризлање и тампонирање на дел од патот кој често се оштетува поради поројни дождови и атмосферски влијанија. Целта е подобрување на пристапот и спречување на поголеми оштетувања кои го отежнуваат движењето на граѓаните и возилата.
Од јавното претпријатие информираат дека и во иднина ќе се врши редовно одржување и санирање на оваа делница, со цел патот да остане прооден и безбеден.























