УТРО.мк

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп започнува ноќно миење на улиците

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп започнува ноќно миење на улиците
Vero

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека на 15 февруари 2026 година (недела), од 22:00 часот до 07:00 часот на 16 февруари 2026 година (понеделник), ќе се изврши ноќно миење на главните сообраќајници во градот.

Жителите кои живеат на главните сообраќајници или паркираат своите возила во наведениот период, се замолуваат да ги отстранат возилата од тротоарите за непречено спроведување на активноста.

ЈКП „Комуналец“ нагласува дека со оваа редовна активност се придонесува кон подобрување на хигиената во градот и создавање чиста и здрава животна средина.

Граѓаните се повикуваат заеднички и одговорно да учествуваат во одржувањето на чистотата на Општина Прилеп.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран