УТРО.мк

Почна изградбата на патот Рашче – Копаница во општона Сарај

Почна изградбата на патот Рашче – Копаница во општона Сарај
Vero

Со големо задоволство ве известуваме дека денес започнаа градежните работи за реконструкција на патот во населеното место Рашче, Општина Сарај. Заедно со заменик-министерката за транспорт, г-ѓа Калтина Зеколи Шаќири, и пратеничката од оваа изборна единица, г-ѓа Фериде Хаџиу, го одбележавме почетокот на овој значаен проект за нашата општина.

Овој инфраструктурен проект е со вредност од 20.615.618,34 денари со ДДВ и ќе се реализира во рок од една година. Финансирањето е целосно обезбедено од Министерството за транспорт, односно инвестиција од Владата, како доказ за посветеноста кон рамномерен развој на сите населени места.

Патот ќе има должина од 1.745 метри и ширина од 3,5 метри. Истовремено, со овој проект се реализира и патното поврзување со селото Копаница, со што значително ќе се подобрат сообраќајот, безбедноста и комуникацијата меѓу двете населени места.

Оваа инвестиција потврдува дека Владата е посветена на обезбедување подобри услови за живот, модерна инфраструктура и одржлив развој за сите граѓани.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран