УТРО.мк

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ КОЛАРИ: Патот Кичево – Гостивар затворен, забрана за движење на автобуси има и кон Попова Шапка

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ КОЛАРИ: Патот Кичево – Гостивар затворен, забрана за движење на автобуси има и кон Попова Шапка
Vero

Голем одрон утрово го блокираше сообраќајот на магистралниот пат Кичево – Гостивар кај селото Колари, поради што делницата од 5:40 часот била целосно затворена, информираат од ЈП „Македонија пат“.


Од 7 часот сообраќајот е повторно воспоставен, но се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од околу 30 метри, на местото на одронот.


Забрана за автобуси и камиони кон Шапка
Поради нестабилниот терен, АМСМ воведе забрана за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец село Лисец – Попова Шапка од 05:45 часот.


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови и по влажни коловози, а интензитетот надвор од градовите е умерен. На граничните премини, засега нема подолги задржувања.


Апел за внимателно возење
Надлежните препорачуваат прилагодена брзина и строго почитување на сигнализацијата, особено низ клисурите и долините каде постои ризик од нови одрони. Како критични се посочуваат и делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


Во сила останува и законската обврска за задолжителна зимска опрема во возилата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран