УТРО.мк

ВИДЕО: Украински дронови удрија врз руското пристаниште таман – оштетени танкери и нафтена инфраструктура

ВИДЕО: Украински дронови удрија врз руското пристаниште таман – оштетени танкери и нафтена инфраструктура
Vero

Украина изврши напад со беспилотни летала врз руското пристаниште Таман во Црното Море, при што се оштетени пристанишни објекти, цевковод за снабдување со мазут и два танкера, соопштија регионалните власти во Краснодарската област.


Според информациите, на еден од танкерите избувнал пожар кој подоцна бил изгаснат, а оштетени биле и два резервоари за складирање по пад на остатоци од дрон.


Евакуиран екипажот, нема пријавени жртви
Екипажите на погодените бродови биле евакуирани на безбедно, додека противпожарните служби интервенирајќи ги локализирале пожарите во пристаништето. Засега нема информации за жртви.


Клучна точка за нафта и гас
Пристаништето Таман претставува важен логистички центар за извоз на нафта и течен природен гас (LNG), што го прави стратешка цел во контекст на војната меѓу Русија и Украина.


Украина во изминатиот период систематски ја таргетира руската енергетска и нафтена инфраструктура со дронови како дел од својата воена стратегија.


Видео од нападот
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа чад и пожар во близина на пристанишните објекти, по ноќниот напад со беспилотни летала.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран