УТРО.мк

Водовод Битола: Започнува реконструкција на водоводната мрежа на ул. Караорман

Водовод Битола: Започнува реконструкција на водоводната мрежа на ул. Караорман
Vero

ЈКП Водовод – Битола започнува со проект за реконструкција на водоводната мрежа на ул. Караорман.

Во рамките на проектот се предвидува замена на постоечките цевки со полиетиленски во должина од 165 метри, како и поставување на 26 нови приклучоци. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 1.449.418 денари.

Со реконструкцијата ќе се обезбеди поквалитетно и постабилно водоснабдување за корисниците и ќе се подобри целокупната водоводна инфраструктура.

ЈКП Водовод – Битола нагласува дека продолжува посветено да инвестира во модернизација и унапредување на водоводната мрежа, во интерес на сите граѓани.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран