УТРО.мк

Честитка од градоначалникот Проданоски по повод Свето Благовештение – Благоец

Честитка од градоначалникот Проданоски по повод Свето Благовештение – Благоец
Vero

По повод големиот христијански празник Свето Благовештение – Благоец, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на Светата архиерејска литургија во храмот „Свето Благовештение“.

Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, митрополитот г. Петар, кој ги потсети верниците на длабоката смисла на празникот и објавувањето на тајната на спасението преку Пресвета Богородица.

Проданоски го нагласи значењето на празникот како симбол на надеж, нови почетоци и благата вест што носи светлина во срцата, повикувајќи на сплотеност, вера, меѓусебна почит, солидарност и љубов.

„Нека овој празник донесе мир, здравје и благослов во секој дом, а Прилеп нека продолжи да расте како град на духовноста, традицијата и заедништвото“, порача градоначалникот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран