УТРО.мк

Скопска општина подели над 140 пакети за семејства во социјален ризик

Скопска општина подели над 140 пакети за семејства во социјален ризик
Vero

По триесет и четврти пат, Општина Карпош ја продолжува својата долгорочна хуманитарна традиција, доделувајќи над 140 пакети со основни прехранбени и хигиенски продукти на граѓани и семејства во социјален ризик.

Во пакетите, кои се собирани со голема енергија и срце, беа вклучени зејтин, брашно, ориз, конзервирани и кондиторски производи, како и средства за лична хигиена. Продуктите се донирани од учениците од општинските основни училишта, децата од јавните детски градинки и вработените во општинската администрација.

Оваа акција има двојна традиција. Секоја пролет, во пресрет на Велигден, и секоја есен, во чест на роденденот на Општина Карпош, кога заедницата покажува вистинска солидарност и грижливост кон оние кои најмногу имаат потреба.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран