УТРО.мк

Скандал тежок 380 милиони: Разоткриена мрежа за даночни измами и перење пари!

Скандал тежок 380 милиони: Разоткриена мрежа за даночни измами и перење пари!
Vero

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против 10 лица, како и обвинителен предлог против уште 11 физички и 4 правни лица, по спроведена обемна истражна постапка.

Според соопштението, десеттемина обвинети се товарат за кривично дело „злосторничко здружување“, додека тројца од нив, како организатори, се обвинети и за „даночно затајување“ и „перење пари“. Останатите се гонат за „даночна измама“, „фалсификување исправа“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Како што наведува обвинителството, во текот на 2023 година била формирана организирана група со цел вршење кривични дела поврзани со даночни измами, перење пари и злоупотреба на службена положба. Организатори биле српски државјанин, сопственик и управител на две правни лица, како и двајца службеници од Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје.

Во периодот од 2023 до 2025 година, на групата ѝ се приклучиле и други лица – сопственици, управители и вработени во компании од Скопје и Гевгелија.

Според обвинението, првообвинетиот давал лажни податоци во даночните биланси со цел да избегне плаќање данок, при што не бил пресметан и платен данок во износ од 16,7 милиони денари. Во тоа му помогнале и двајцата службеници од УЈП, кои давале совети и ги отстранувале пречките за извршување на делото.

Дополнително, останатите обвинети, преку лажни податоци во даночните пријави, неосновано барале поврат на ДДВ во име на странски правни лица, со што буџетот бил оштетен за 33,6 милиони денари.

Во истиот период, дел од обвинетите, со цел прикривање на потеклото на средствата, вршеле трансакции и пуштале во оптек пари во вкупен износ од над 401 милион денари.

Со обвинителниот предлог се опфатени и службени лица од УЈП, кои се сомничат дека со злоупотреба на службената положба овозможиле незаконско враќање на ДДВ во износ од над 349 милиони денари, со што е предизвикана значителна штета на државниот буџет.

Обвинителството до судот доставило и предлог за продолжување на притворот за седуммина обвинети, како и предлог за конфискација на имот во висина на причинетата штета. Во рамки на постапката, преку меѓународна правна помош веќе е замрзнат имот и сметки на првоосомничениот, а конечната конфискација ќе се бара од надлежните органи во Србија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран