УТРО.мк

Ретка руда за стратешка употреба: Американци ќе копаат антимон во Македонија

Ретка руда за стратешка употреба: Американци ќе копаат антимон во Македонија
Vero

Американски компании ќе започнат експлоатација на антимон во близина на селото Луке во Кривопаланчко, најави премиерот Христијан Мицкоски. Ретката руда ќе се извезува во САД, каде што ќе се преработува во посебна топилница што ќе се гради за оваа намена.

„Антимонот е редок минерал со голема примена во енергетиката и електрониката, особено во батерии, огноотпорни материјали и легури, што го прави стратешки важен ресурс за економијата“, изјави Мицкоски. Тој додаде дека исто така ќе им биде понуден и проектот „Чебрен и Галиште“ на потенцијалните американски инвеститори.

Премиерот најави и инвестиции во дата центри, а веќе имал средби со четири компании, од кои дел веќе започнале со работа. Овие теми беа дел од втората сесија на стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД во Вашингтон, каде што се разговараше и за дигитална трансформација, вештачка интелигенција, енергетика, инфраструктура и одбранбена индустрија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран