УТРО.мк

Владата по Велигден со нов пакет мерки: Пониско ДДВ и контрола на маржите за основни производи

Владата по Велигден со нов пакет мерки: Пониско ДДВ и контрола на маржите за основни производи
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски најавува нов бран економски интервенции, насочени кон стабилизирање на цените на основните прехранбени производи, при што Владата влегува во повнимателна и прецизно таргетирана фаза на делување.

Според неговите најави, веднаш по велигденските празници се очекува на владина седница да бидат усвоени мерки кои нема да бидат општи, туку конкретно насочени кон ранливи категории граѓани и клучни прехранбени артикли. Во пакетот се предвидуваат комбинирани решенија – намалување на данокот на додадена вредност, но и поставување лимити на профитните маржи, со цел да се спречи ценовен притисок врз потрошувачите.

Паралелно, законските измени за справување со нефер трговските практики се веќе подготвени. По средбата со претседателката на Комисијата за заштита на конкуренцијата, премиерот посочи дека останува уште краток период пред овој закон да влезе во владина процедура, што треба да донесе и построги санкции за злоупотреби на пазарот.

Во однос на економските движења, Мицкоски изрази очекување дека инфлацијата за март ќе се задржи во рамки од 4 до 5 проценти. Тој нагласи дека досегашните интервенции – како намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти и можноста за дополнително намалување на акцизите – веќе имаат ефект во амортизирање на ценовниот раст, спречувајќи значително повисока инфлација.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран